TRTVOTWORLD

 

TRTVOTWORLD.COM

TRTVOTWORLD.COM  е информативен сајт на Секторот за емисии на странски јазици во склопот на Турската Радио и Телевизија ТРТ. Сајтот информира на 41 јазик а неговата основна цел е од прва рака да го запознае својот аудиторијум за видувањето на Република Турција како за национални така и за меѓународни прашања.

Овој сајт  TRTVOTWORLD.COM  претставува резултат на напорите на светските медијуми за прилагодување кон најновите струења во правец на преориентирање кон дигитално информирање. Денеска дијапазонот на информирање на странски јазици е многу проширен во целиот свет. На веб страницата на TRTVOTWORLD.COM  можат да се видат вести и информации како од Турција,така и од светот, потоа регионални вести, вести од културата, економијата, науката, технологијата, образованието, спортот и друго. Сите вести и информации на овој сајт се обезбедуваат од новинските агенции и на најбрз начин се поставуваат на сајтот.

Сајтот TRTVOTWORLD.COM  се смета за еден од одбраните светски информативни сајтови кои известуваат точно, навремено и објективно.