ТРТ Вести

ТРТ ВЕСТИ

ЦЕЛИ

Целта на информативните емисии и на вестите на ТРТ е континуирано, точно и навремено информирање на јавноста за сите настани што се случуваат во светот и тоа како политичките,така и економските,културните и настаните од науката,техниката и уметноста, и тоа во рамките на принципите на слободната плуралистичка демократија и правната држава притоа водејки сметка за равноправно и избалансирано информирање.

Принципи на новинарството

  • Брзо и точно информирање како и овозможување коментари од стручни лица за актуелни внатрешни и надворешни прашања.
  • Давање простор на погледи и ставови кои што го јакнат имиџот на Турција како на демократска ,секуларна,социјална и правна држава во која владее атмосфера на национална солидарност и правда како и почитување на човековите права.
  • Непристрасно информирање за сите настани од Турција, туркофонските држави и заедници како и од светот и тоа во рамките на принципите на модерното новинарство, анализирање на информациите и елиминирање на сите вести и информации кои би можеле да предизвикаат негативни чувства и појави на раздор во општеството.
  • Информирање на јавноста во согласност со принципите на постоечкиот Устав и законите како и во согласност со основните начела на новинарството како што се непристрасност, вистинитост и ефикасност и тоа посебни вести за радиото ,посебни за телевизијата.
  • Обезбедување простор за мислењата на граѓаните во врска со политичките, економските и општествените одредби на државата.
  • Водење сметка за проверување на вестите добиени од странските агенции пред нивното пласирање во турската јавност и тоа од страна на извори на ТРТ, а во согласност со модерното новинарство.
  • Непристрасно информирање за сите настани како од домашната така и од светската јавност во рамките на телевизиските и радио вести и дневници.
  • Обезбедување услови за динамично емитување на сите тонски и видео снимки на репортерите во сите дневно информативни емисии и вести во согласност со карактеристиките на средството за информирање. На телевизијата да има повеќе слика, ефекти, графика и цртежи. Избегнување на емитување на видео снимки кои немаат било каква врска со темата а пак во случај на користење на архивски материјал задолжително истакнување на ознаката „од архива“.
  • Обезбедување простор во вестите за коментари и анализи. Избегнување на идеолошки коментари и анализи на политички настани кои во актуелниот миг и во иднина би можеле да им наштетат на меѓународните односи.
  • Адекватно известување за настани како што се свечености по повод фрлање на темели на објекти, свечени отварања, доделување на дипломи и слично кои го интересираат потесниот круг на гледачи и слушатели, без нивно преувеличување, како и избегнување на преувеличување на протоколарните настани.
  • Почитување на принципите на непристрасност, веродостојност и актуелност при емитувањето на политичките вести и информации, како и водење сметка за зачувување на битните елементи при резимирање на соопштенијата на политичките партии.
  • ТРТ води сметка да не емитува еднострани и пристрасни програми и да не послужи за целите на било која политичка партија, групација, сфера на интерес, религија или размислување и да не осуди било кого се додека судски не е докажана неговата вина.
  • Јавниот радио телевизиски сервис исто така води сметка за информирање во врска со реакциите на граѓаните кои што се појавуваат како резултат на разните политички, економски или социјални регулативи на институциите на системот и тоа преку вести, интервјуа, форуми , панели и слично.

www.trthaber.com