ТРТ ТВ

Телевизија

Во услови на мноштво национални и регионални телевизиски канали, ТРТ како одговорна и професионална информативна куќа пристигнува до домовите на сите граѓани на Турција и во светот со своите точни, брзи и веродостојни информации, со едукативните, културните, научните, спортските, музичките и забавните програми. ТРТ како телевизија има пристап до скоро 99 насто од територијата на Анадолија и се обраќа до сите гледачи од 7 до 77 години.

        Со своите програми и емисии ТРТ како национална телевизија води сметка секогаш да биде присутна во домовите на гледачите во земјава и странство со навремените ,точки и брзи информации, да има придонес во научниот, културниот и едукативниот живот на земјата .

 

        ТРТ-1 е семеен канал, и канал кој што има најмногу гледачи. Каналот има семеен формат и се обраќа на сите гледачи независно од возраста, едукативното ниво и професијата. Поточно кажано се обраќа до цела Турција, и може да се следи и преку интернет од сите страни на земјава. Со 99 насто опфатност на државно ниво постои веќе 42 години.

 

        ТРТ Хабер ( Информативен канал) како што кажува и самото име непрекинато емитува вести и информативни билтени и блокови, водејќи сметка притоа за принципот на  објективност, точност и брзо емитување на вестите и информациите. Екипите на овој канал се професионални и одговорни и свесни за одговорноста на својата работа. ТРТ Хабер, насекаде со вас...

 

        ТРТ-3 го дели просторот со Собранискиот канал .Програмската шема претежно се состои од спортски вести и прилози, така што почнувајќи од 09 август 2010 година се претвори во спортски канал.

 

ТРТ-ГАП е телевизиски канал кој ја покрива Источна и Југоисточна Анадолија и претежно емитува програмски содржини и прилози кои што го интересираат ова подрачје. Каналот емитува информативни  едукативни, културни, музички и спортски програми. ТРТ-ГАП е заедничкиот глас на населението од овој дел на Турција.

 

ТРТ-4 е детски и школски едукативен телевизиски канал..

 

        Телвизискиот канал ТРТ Анадолија  е нешто како „еден екран сто екрана и сто екрана еден екран“ Каналот со емитување започна во октомври 2010 година. Каналот претежно емитува сопствена продукција а повремено и архивски материјали како и емисии во живо во соработка со  останатите канали на ТРТ. 

 

ТРТ -6 е национален канал кој што емитува на курдски јазик и кој што има голем придонес во подобрувањето на односите на Турција на меѓународно ниво како на односите со соседните земји. Семејниот канал на курдски јазик на националната телевизија ТРТ -6  се обраќа до сите гледачи на сите возрасти а неговата цел е запазување на единството и неделивоста на земјата.

 

ТРТ-Дете , е детски канал чија програмска содржина е целосно конципирана да може да одговара на барањата на предшколските  и на школските деца и нивниот психофизички развој и напредок. Каналот емитува програми и прилози со единствена цел, забава, едукација, правилен духовен и физички развој, стекнување на етички вредности и изградба на свест за припадност на семејна заедница.и тоа се во рамките на универзалните педагошки норми и принципи.. Каналот цели кон тоа да биде водич и патоказ на младите поколенија кон здрав и богат живот, со вградување на смисла да се знае да се цени турската култура, јазикот и останатите вредности на животот и тоа преку едукација и игра.

http://www.trtcocuk.com

 

ТРТ-ТУРК е телевизиски канал наменет за целиот свет со главна мисија афирмација на Турција, на турскиот човек, обезбедување контакти меѓу Турците во земјата и надвор од неа, и тоа преку информативни емисии и прилози,преку едукативни, културни и забавни програми и содржини претежно на турски јазик. Независно од тоа каде се наоѓате, ТРТ-Турк е со вас и покрај вас...

 

        ТРТ АВАЗ  е основан во март 2009 година, и е конципиран на начин да може да одговори на барањата на публиката  во Узбекистан, Казахстан, Киргистан, Туркменистан, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Албанија и Турција, на турски јазик и на јазиците на горе спомнатите земји и народи. Каналот емитува програми и прилози наменети за народите на подрачјето од  Далечниот Исток до Балканот. Зборчето АВАЗ во неколку туркофонски јазици значи ГЛАС, така да овој канал како глас на Република Турција допира со слика и тон до земјите од Блискиот Исток до Кавказието, вкупно до 27 земји, и до 250 милионска публика. 

 

ТРТ- Домукентарен канал, обезбедува светот да се запознае со Турција и тоа на англиски, германски, француски, руски и турски јазик. Програмската шема на каналот се состои претежно од документарни емисии и серии, документарни програми и серии од областа на културата, човековата околина,  природата, спортот, науката и технологијата. Каналот започна непрекинато да функционира на 17 октомври 2009 година.

 

        ТРТ МУЗИКА ,е како што кажува и самото име музички канал кој што емитува музика од сите жанрови, како турска така и странска музика, наменета за слушателите од сите возрасти, потоа забавно музички  емисии, контактни емисии и друго.

 

ТРТ – ЕТТУРКИЈЕ претставува заеднички екран на турскиот и на арапскиот свет, на турски и на арапски јазик, цели кон публика од сите возрасти и емитува разновидна програмска содржина почнувајќи од вести и билтени, детски, младински  емисии, емисии за жената, здравството, економијата, културата и уметноста, религијата и моралот, филмски серии како и забавни емисии. Каналот беше основан во април 2010 година, и цели кон зајакнување на врските меѓу турските граѓани и арапските со некаде околу 350 милиони жители.

 

        TРT ХД   претставува највисока точка во квалитетното емитување. Каналот претежно емитува спортски и документарни емисии и програми како и филмови. Започна да функционира во јуни 2010 година, веднаш по Светскиот фудбалски куп, а цели кон пренесување на Летните и Зимските олимписки игри.

        ТРТ Спорт, како што говори и самото име е спортски канал. Започна да емитува во август 2010 година и ги емитува сите национални и меѓународни спортски случувања и организации во живо или како снимка.