ТРТ Радио

Често се жалиме дека современите научни достигнувања доцна доаѓаат во нашата земја...Но што се однесува до радиото случајот е сосема обратен. Радио авантурата на турското општество започнува на 6 мај 1927 година,скоро истовремено со останатиот свет, а со основањето на ТРТ на 1 мај 1964 година, радиото се институционализира.

Денес радијата на ТРТ досегаат до сите делови на земјава и до сите делови на турското општество и тоа со свеста за одговорно работење, непристрасно и принципиелно, со убавиот и литературен турски јазик, емитувајќи информативни, научни, едукативни, културни, музички и забавни програми.     

Со своите радио канали како што се  Радио-1, Радио-2, Радио-2 (ТРТ ФМ), Радио-3, Радио-4, Радио-5 ( Анатлија, Чукурова, ГАП-Дијарбакир, Ерзурум, Трабзон) , потоа  ТРТ Нагме-музички канал, ТРТ Турку- канал за народна музика, како и ТРТ- информативен канал,  Радио Глас на Турција ( на 32 јазици)како и Радио Европа ФМ, Турското Радио, се претвори во важна информативна и радио сила како во земјава така и во светот.

 

Радио-1, информативен, образовен, и културен канал....Се обраќа на сите слушатели кои што се заинтересирани за знаење,наука, вести и актуелности. Емитува програми 24 во денот...Може да се слуша во Турција и надвор од неа и тоа на стерео предаватели, преку сателит и интернет... Брзо, непристрасно и веродостојно емитување на информативни емисии и други емисии со разновидна тематика......

ТРТ Радиo 1 
Од 1927’den до денес... Секаде каде што има радио приемници.

 

Радио -2 (ТРТ-ФМ) ; со стилот на ТРТ секој ден емитува 24 часовна програма.. Музика... разонода...топ листи... поздрави и музички желби на слушателите..Со стерео приемници ја опфаќа целата територија на Република Турција , а преку сателит и интернет може да се слуша низ целиот свет. Вашиот пријател, насекаде со вас.

 ТРТ ФМ  
Радио кое ги приближува далечините.

 

Рaдио – 3 , Од Елвис Присли до Џоан Баез, од Чајковски до Френк Синатра, од Моцарт со Сара Вон е лепезата на Радио-3, радио кое ја спојува класиката со модерното, и тоа 24 часа во текот на денот, на територијата на Турција  и низ целиот свет преку сателит и интернет.

ТРТ РАДИО-3  
Име на квалитетна музика...

 

Радио-4  радио на турска уметничка и турска народна музика, исполнето со разни и популарни стилови на двете видови музика, која се слуша на сите четири страни на Турција во градовите и селата. Радиото емитува делана  познати турски композитори и народни пејачи, 24 часа во денот, и преку сателит и на интернет......

ТРТ РАДИО- 4

Место каде завршува копнежот....

 

ТРТ Турку  започна со емитување на 1 јули 2009 година преку ФМ, сателит и интернет а допира до сите љубители на турската народна музика. Емитува програми и музички емисии со разновидна содржина 24 часа во текот на денот. Има голем придонес во популаризацијата на турскиот фолклор и турската народна музика во земјата и светот.

 

ТРТ Нагме , започна со емитување на 6 мај 2009 година преку ФМ, сателит и интернет  и претежно емитува музика од богатата турска музичка ризница, непрекинато 24 часа и им се обраќа на љубителите на турската уметничка (дворска) музика, од богатата музичка архива на ТРТ.

 

 

ТРТ Радио Хабер ( Информативно радио) .Како што кажува и самото име ги следи случувањата во земјава и светот и ги информира слушателите за нив, и тоа 24 часа непрекинато преку ФМ, сателит и интернет. Радиото истовремено ги реемитува информативните билтени на  ТРТ 1, ТРТ Турк и ТРТ Хабер ТВ. 

            

Радио Глас на Турција веќе 70 години на куса бранова должина од студијата на анкарското радио емитува програми за слушателите во странство непрекинато во текот на 24 часа. Програмите се со разновидна содржина, почнувајќи од информативни до музички, кои до сите страни на светот во последните години и преку сателит и на интернет го праќаат гласот на Турција. Независно од тоа каде се наоѓате, во која страна на светот сте, радиото Глас на Турција е со вас со последните вести, спорт, култура, уметност, музика и разонода. Ова радио е мелем за душата на сите турски граѓани кои живеат во странство и кои копнеат по татковината.

 

 

 

 

Радио 6  е радио канал кој што емитува емисии и програми со разновидна содржина на курдски јазик, во рамките на принципите за заедништво и интегритет на земјата. Радиото започна со емитување на 1 мај 2009 година и има голем придонес во зајакнувањето на врските меѓу државата и населението од Југоисточна Анадолија .

 

ТРТ Европа ФМ е радио наменето претежно за младите и за оние кои што се чувствуваат млади... Радиото емитува музика, говорни емисии, и содржини кои претежно се во фокусот на интересирањето на младите. Радиото е достапно на ФМ, на сателит и на интернет. Времето на  емитување на ова радио е од 09 часот до 18 часот според турско време. Ако сакате да слушнете ваша омилена песна, да контактирате со водителите во студиото или кажете некое ваше мислење, се што треба да направите е да кликнете  наhttp://www.trt.net.tr/Radyo/RadyoAnasayfa.aspx и еве сме пред вас....