ТРТ Историјат

Поважни датуми

  • 1 Мај 1964 
    Со стапувањето во сила на законот број 359 беше формирана Институцијата за радио-телевизија ТРТ и нејзините радио канали и беа предадени на управата на ТРТ.
  • 31 Јануари 1968 
     
    Анкарската телевизија (ТВ Анкара) започна со емитување на пилот (пробни) емисии.
  • 9 Септември 1974 
    Радијата на Турција започнаа со 24 часовно емитување под името ТРТ-1.
  • 17 Април 1979 

    ТРТ за прв пат го организира „Меѓународниот Детски Фестивал 23 Април“ и го емитуваше во живо преку 27 европски канали.
  • 6 Октомври 1986 

    Започна со емитување телевизискиот канал ТРТ-2.
  • 2 Октомври 1989 

    Започнаа со емитување телевизиските канали ТРТ-3 и ТРТ-ГАП.
  • 28 Февруари 1990 

    Првиот меѓународен канал ТРТ-ИНТ беше емитуван во Европа.
  • 30 Јули 1990 

    Образовниот ТВ канал ТРТ-4 започна со емитување од градот Измир.
  • 3 Декември 1990 
    ТРТ, започна со пилот (пробна) услуга телетекст под името „Теледневник“.
  • 27 Април 1992 
    Каналот ТРТ Евроазија, почна со емитување на емисии наменети за турските републики.
  • 14 Ноември 1998 
    Во Берлин беше отворено првото официјално биро на ТРТ.
  • 5 Јануари 1999 
    Беше формиран Центарот за дигитални технологии на емитување (SAYTEK).
  • 1 Мај 1999 

    Беше отворен веб сајтот на интернет на ТРТ.
  • 15 Јули 1999: 
    Емисиите на ТРТ-ФМ и Радио глас на Турција почнаа да се слушаат и во Австралија.
  • 25 Јули 1999 
    Емисиите на ТРТ-ИНТ веќе можат да се слушаат и во Австралија и Нов Зеланд.
  • 20 Септември 1999: 
    Во Туркменистан беше формирано бирото на ТРТ во Ашкабат.
  • 6 Декември 1999 

    Започна со емитување Радио-4.
  • 7 Јуни 2000 
    Емисиите на ТРТ-ИНТ, Радио глас на Турција (TSR) и ТРТ-ФМ (Радио-2) пристигнаа до САД и Канада.
  • 31 Јануари 2001 

    ТВ каналите на ТРТ се појавија пред своите слушатели и гледачи со новиот институционален идентитет и лого.
  • 2 Јуни 2001: 
    Беше отворено бирото на ТРТ во главниот град на Азербејџан Баку.
  • 16 Јуни 2001: 
    Беше отворено бирото на ТРТ во главниот град на Египет Каиро.
  • 1 Јуни 2002: 
    ТРТ го емитуваше со директен пренос до своите гледачи Светското фудбалско првенство во заедничка организација на Јужна Кореа и Јапонија во Сеул и во Токио на кое турската фудбалска репрезентација го освои третото место.
  • 25 Јуни 2002: 
    Во главниот град на Белгија Брисел беше отворено петтото биро на ТРТ во странство.
  • 2 Јули 2002: 

    Туристичкото радио на ТРТ започна со непрекинато 24 часовно емитување. Радиото од студијата во Лара во Анталја емитува емисии на Англиски, Француски, Германски, Руски и Грчки јазик.
  • 8 Август 2002: 
    Во главниот град на САД Вашингтон беше отворено шестото биро на ТРТ во странство.
  • 24 Мај 2003: 
    ТРТ го освои првото место на 48-миот натпревар за избор на песна на Евровизија (Евросонг) со песната „Every Way That I Can” во исполнение на Сертап ЕРЕНЕР.
  • 20 Јануари 2004: 
    Преку сателитот Турксат 1Ц, започна емитувањето на дигитални емисии на ТРТ составени од телевизиските емисии на ТРТ-1, ТРТ-2, ТРТ-3, ТРТ-4 и ТРТ-ИНТ и сите наши радио емисии.
  • 12 Мај 2004: 
    49-тиот натпревар за избор на песна на Евровизија (Евросонг) чиј домнаќин беа нашата земја и нашата радио-телевизиска куќа беше одржан во Истанбул и тоа за прв пат во два дела при што беше реализиран директен пренос во 36 земји.
  • 3 Ноември 2004: 
    Започна да функционира обновениот веб сајт на ТРТ (trt.net.tr) со новиот дизајн и преуредената инфраструктура. Во овие рамки им беше одделено место на афирмирањето на телевизиски, радио и прајм тајм програми со збогатена содржина, со можност да се следат со сите скенери, лесно серфирање, брзо и разбирливо, и беа развиени страници на кои што гледачите и слушателите ќе можат да се стекнат со податоци за содржината на програмите.
  • 14 Декември 2004: 
    Телевизијата ТРТ-ИНТ и нашето Радио на турски јазик (TSR) почнаа да се емитуваат дигитално, преку опфатниот источен зрак Турција-Централна Азија на сателитот Турксат 1Ц.
  • 24 Јуни 2005: 
    Во главниот град на Узбекистан Ташкент беше отворено седмото биро на ТРТ во странство.
  • 10 Август 2005: 
    Успешно беа реализирани емисиите во земјата и во странство за време на Меѓународните олимписки игри (Универзијада) во Измир.
  • 1 Ноември 2005: 
    Беше потпишан договорот Азијавизион помеѓу ТРТ и Азиско-пацифичката радиодифузна унија (ABU).
  • 22 Јуни 2006: 
    Во рамките на постигнатиот договор со меѓународната телевизија Буена Виста, ТРТ го презеде авторското право за четири годишно емитување на цртаните филмови на Волт Дизни во Турција, на другите цртани филмови и на кинематографските филмови.
  • 16 Март 2007: 
    ТРТ ги зеде правата за емитување на Светските купови и различни првенства на ФИФА (како Конфедерацискиот куп) за периодот помеѓу 2010-2014 година.
  • 13-20 Април 2008: 
    ТРТ ги откупи правата за емитување на 44-тата меѓународна претседателска бициклистичка трка во Турција.