Анализа од „CNN International“ под наслов: Западот не може да се осмели да ја изгуби Турција

Во анализата на интернет порталот на „CNN International“ под наслов „Западот не може да се осмели да ја изгуби Турција“ се истакнува дека отсега Турција нема да ги смета САД за свој доверлив партнер и стратешки сојузник

Анализа од „CNN International“ под наслов: Западот не може да се осмели да ја изгуби Турција

Продолжуваат реакциите против САД кои започнаа економска војна против Турција.

„Западот не може да се осмели да ја изгуби Турција“.

Ова е насловот на еден текст објавен на интернет порталот на американскиот информативен орган „CNN International“.

Во текстот се доставува следното предупредување до западниот свет: „Губењето на Турција ќе има тежок цех“.

Во анализата на интернет порталот на „CNN International“ под наслов „Западот не може да се осмели да ја изгуби Турција“ се истакнува дека отсега Турција нема да ги смета САД за свој доверлив партнер и стратешки сојузник.

Фади Хакура, експертот за Турција во тинк-тенк институцијата „Чатам Хаус“, во својата анализа вели дека Турција својот центар на привлекување би можела од Западот да го усмери кон Русија, Иран и Евроазија.

Во анализата се истакнува следното: „Турција во вонредни услови би можела да размислува да го напушти НАТО и да го измени па дури и да го поништи на радикален начин царинскиот договор со Европската унија (ЕУ). На крај влијанието на случувањата би можело да се почувствува и надвор од границите на Турција.“

Во последниот дел на анализата се додава следното: „Без да се губи време треба да се заживее желбата на Турција за членство во Европската унија (ЕУ). Во спротивно Западот ќе плати тежок цех доколку изгуби една ваква значајна земја, значаен сојузник.“

Воедно и во врста на амеирканскиот телевизиски канал „CNN International“ во врска со тоа што Турција ги зголеми за 100 посто доплонителните даноци кои што се применуваат за производите кои ќе бидат увезени од САД го објави насловот „Турција со воведените нови даноци за производите од САД удри тешка шлаканица.“



Слични вести