Рамазан,месец на постот

Месецот Рамазан е месец кога започна објавувањето на Куранот кој што претставува патоказ за луѓето, јасен доказ за правиот пат и одвојувач на вистината од лагата

Рамазан,месец на постот

Месецот Рамазан во исламскиот свет е познат како Султан на 11’те месеци така што има големо значење и посебно место меѓу останатите месеци во годината. Светата муслиманска книга Куран-и Керим почнала да се објавува во овој месец, поради што месецот Рамазан се нарекува и месец на Куранот.

Значењето на месецот Рамазан и постот како начин на ибадет во светата муслиманска книга Куран-и Керим се појаснува вака: Месецот Рамазан е месец кога започна објавувањето на Куранот кој што претставува патоказ за луѓето, јасен доказ за правиот пат и одвојувач на вистината од лагата. (сура Бакара, ајет бр. 185)

„О верници, постот е ваша должност, како што беше должност и на оние пред вас. Благодарение на тоа ќе се заштитувате себеси од лошото.“(сура Бакара,ајет бр.183)

Едниот од основните начини на ибадетот во исламската религија е постењето во месец Рамазан. Освен постот друг начин на ибадет специфичен за Рамазан е и клањањето на намазот наречен Теравија намаз.
Постот како што се истакнува и во сурата Бакара,ајет бр. 183 е начин на молење-ибадет кој што се исполнува со изнесување на својата желба-нијет, со воздржување од јадење и пиење од изгрејсонце до зајдисонце. Според Муслиманите постот е начин на молење – ибадет кој што станува повод луѓето да бидат заштитени од секакви лошотии, како на овој свет така и на оној свет во Ахиретот . Еве некои од едукативните постулати поради кои постот е строго задолжителен- фарз : да се биде настрана од лоши и зли мисли, да се издржат најтешките искушенија, да се загосподари со своите желби, страсти и пориви наместо да им се оддаде на задоволствата, да се разубави духовноста, да се зајакнат и развијат чувствата на сожалување и милост, да се трпат и издржат потешкотиите, да научиме да бидеме благодарни за благодетите кои што ни се делат, накусо кажано луѓето да се стекнат со материјален и душевен мир. Човекот треба да пости со сите свои органи , а не само со својот желудник за да може да го добие очекуваното душевно задоволство и за да му се простат гравовите. Човекот треба да се спротивстави на своите прекумерни желби, страсти и пориви и да го победи својот гнев.

На тој начин исто како што е случај со сите видови на ибадети човекот ќе созрее, ќе се разубави духовно што пак претставува цел на постот. Со тоа единката и луѓето во целина ќе бидат мирни и среќни во текот на својот живот.

За време на Рамазан се пости според календарот што го следи движењето на Месечината, односно според лунарната година. Секоја година почнува да се пости 10 дена порано, така што месецот Рамазан во текот на приближно 33 години ги посетува сите четири годишни времиња. Оваа состојба овозможува Муслиманите да постат во различни годишни времиња а со тоа да се прилагодат себе си на потешкотиите на секое годишно време и да ги осознаат и разберат различните потешкотии кои што ги трпат сиромашните во услови на различни годишни времиња.

На земјината топка има значајни разлики меѓу регионите. На пример додека во северната полутопка е зима на јужната е лето. Така доколку се постеше само во одредено време на годината според движењето на Сонцето, односно според сончевиот календар, Муслиманите во одредени региони секогаш ќе постеа во зима-во студено време а во другите области во лето-во жешки и топли денови. Исто така дел од Муслиманите секогаш ќе постеа за време на долги денови а дел во куси денови. На тој начин некои Муслимани ќе постеа лесно а некои ќе беа принудени секогаш да постат под тешки услови. Овие проблеми биле надминати со постење за време на лунарен месец, Рамазан кој што ги посетува сите годишни времиња во циклус од 33 години.

Изразот „за да бидете заштитени“ кој што стои на крајот на еден ајет во Куранот а во кој се прогласува дека постот е строго задолжителен - фарз привлекува внимание кон скриената мисла- едукативниот постулат на постот, кој што постојано не потсетува на Аллах и го развива чувството на одговорност. На карајот од ова духовно воспитување кое што трае во текот на еден месец стравот од Аллах целосно се сместува во длабочината на душата и со позитивните влијанија на тоа човекот ги зема под контрола своите однесувања и се оддалечува од секој вид на лошотија и зло.

Постот не е само просто гладување. Ќе биде погрешно ако се проценува само од тој аспект. Постот претставува духовно и етичко воспитување, коренито воспитување за воздржување од желбите, страстите и поривите, го прочистува човекот од лоши навики, го оддалечува од зли мисли и однесувања и му додава добри навики и особини.

Луѓето во Рамазан им даваат значење на колективните однесувања како меѓусебното помагање, помагање на сиромашните, немоќните. Рамазан има и своја социјална и општествена страна. Муслиманите својата милостиња – зеќат ја даваат поготово во Рамазан. Секое семејство на ифтарска софра кани по неколку лица со што се зацврстува пријателството и другарството.

Среќен нека биде светиот месец на постот Рамазан на сите Муслимани низ целиот свет.



Слични вести