10 ноември ден на сеќавање на Ататурк

Денес е 10 ноември, На овој ден се одбележува годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк основоположникот на Република Турција

10 ноември ден на сеќавање на Ататурк

Турскиот народ и годинава како и секоја година на 10 ноември на бесмртниот лидер и основоположник на современа Република Турција ги изразува своите чувства на благодарност и приврзаност.

Mустафа Кемал кој што се истакна на боиштата на битката на Чанаккале го поведе турскиот народ во народно ослободителна војна после окупацијата на турските територии од страна на окупаторските сили на крајот од Првата светска војна од која османлиската држава излезе како поразена сила.

После големи маки и натчовечки напори заврши Народно ослободителната војна така да како резултат на Лозанската мировна конференција беше формирана Република Турција а нејзин прв претседател беше Мустафа Кемал.

Мустафа Кемал после неколку години го доби надимакот Ататурк,татко на сите Турци.Тој се истакна и како државник кој ќе остане запаметен по остварувањето на револуционерните реформи кои го отворија патот на турското општество кон современите општества.

Одбележувајќи ја годишнината од смртта на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк уште еднаш со почит и со љубов се потсетуваме на неговата личност и дело.



Слични вести