Недела на Турската црвена полумесечина

Деновиве во Турција се одбележува неделата на Турската црвена полумесечина

Недела на Турската црвена полумесечина

Турската црвена полумесечина е хуманитарна организација која делува во услови на природни катастрофи и тоа не само во државава туку на сите страни на светот секаде онаму каде што се јавува потреба од помош и поддршка и тоа поради природни катастрофи како што се земјотреси, поплави, ерупција на вулкани, па дури и војни. Турската црвена полумесечина е гордоста на Турција која во сите овие изминати години се покажа како најголем пријател на сите во невоља.

Турската црвена полумесечина денес е пример на турската традиција на пружање помош и солидарност на сите на кои таа им е потребна. Таа е присутна секаде онаму каде се случуваат природни и хумани катастрофи со пружање помош во вид на најнеопходните продукти како што се храна, ќебиња,лекови и вода за пиење.

Една од важните доброволни активности на Турската црвена полумесечина се доброволните акции на дарување на крв. Најголемите доброволни акции на дарување на крв во државава се организираат токму преку Црвената полумесечина.



Слични вести