Дали е ова крајот на нашата цивилизација?

Дали знаете дека еднодневните трошоци за наоружување на сите земји во светот се доволни за надминување на сиромаштијата и гладта во целиот свет

Дали е ова крајот на нашата цивилизација?

Не поминува ден а научниците и археолозите да не откријат некое ново откритие за животот на античките народи во Америка Астеците, Инките и Мајите кои изградиле високо развиена цивилизација и култура уште во тие времиња. Археолошките ископувања и материјалите кои што се собираат од тие ископувања од периодот на владеето на овие древни цивилизации не оставаат запрепастени пред високиот степен на цивилизираност кој бил присутен во тогашните општества.

Просто е неверојатно колку Астеците, Инките и Маите биле напредни во астрономијата и медицината, па дури и понапредни од современиот човек денеска. Зачудуваат постигнувањата на овие народи во математиката, геометријата и астрономијата.

Истражувањата кои научниците на овие стари народи ги реализирале за вселената, галаксијата,планетите и нивното растојание денес можат да се реализираат само со помош на најсовремени инструменти. Иако од тогаш досега поминале речиси иљадници години, и денес сеуште не е јасно како овие народи го достигнале тој степен на научен развој.

Едно друго истражување кое што го реализираат научниците е причината поради која овие древни цивилизации исчезнале. До денеска нема некој точен податок кој би ја потврдил причината за нивниот нестанок од светот. Некои тези велат дека болестите биле причина за изумирање на старите американски цивилизации. Други пак велат дека разурнувачките војни ги уништиле цивилизациите на Астеците, Инкитеи Мајите. Се чини дека оваа втора теза е поверојатна,бидејќи таа е поткрепена со одредени докази.

Доказ за изумирање на народи  по катастрофални војни од широки размери е самото човештво кое просто беше десеткувано по Првата и Втората  светска војна. И покрај тоа современиот човек како да не земал поука од своите предци дека воените разурнувања можат да уништат цели заедници.

Кога ќе погледнеме околу себе ќе забележиме дека во сите страни на светот трговците со оружје си ги тријат рацете. Како да стана вообичаено, да нема земја во која нема трговци со оружје. Не е веќе чудно земјата која само до пред неколку минути се декларираше за човекови права, демократија и други универзални права, наеднаш да се претвори во сојузник со терористите. Потребно е само миг една хуманитарна организација која само до вчера трчаше наоколу по светот пружајќи помош на настраданите било од војни или придони катастрофи, да се претвори во сојузник на самиот Ѓавол.

На пример еден криминалец веднаш се прогасува за терорист ако убива луѓе припадници на една цивилизација. Од друга страна лице припадник на истата таа цивилизација, ако убива  луѓе на излегување од џамија тогаш тој се прогласува за осамен волк. Или на пример одредени земји продаваат оружје вредно милијарди долари на земји кои ги обвинуваат за поддржување на тероризмот,а потоа тие земји ги бришат од списокот. Дури и во најмирните места на светот наеднаш гледате се појавуваат терористички организации. Или на пример како што е случај со Филипините, ако не им се повинувате на барањата на терористите, тие наеднаш се појавуваат во секој град.

Во сите страни на светот од север кон југ и од исток кон запад се појавува оружје во различен вид. Како да владее трка по наоружување дури и со најсофистицирани оружја. Средините кои се ослонуваат на својот капитал целата планета Земјата ја претворија во буре барут. Ние обичните луѓе само гледаме што се случува немајќи сила и можности да сториме нешто, па дури и да проговориме, така молчејќи одиме се поблиску кон катастрофа.

Кога еден научник успеа да направи вештачки мозок го запрашаа:Дали роботите еден ден ќе можат да ја преземат контролата и да го доведат крајот на човештвото?

Не случајно го поставија тоа прашање, бидејќи е сосема можно да се случи такво нешто.

Да се вратиме на почетокот. Да ние денеска го достигнуваме нивото на древните американски цивилизации Астеците, Инките и Мајите. Дојдени сме во положба на кревање на сите граници пред генетиката и биологијата. И што е страшно во сето тоа наместо овој успех да го користиме за благодет на светот ние тоа го користиме за жал за уништување.

Дали знаете дека еднодневните трошоци за наоружување на сите земји во светот се доволни за надминување на сиромаштијата и гладта во целиот свет?

Ние ги носиме гените на Астеците, Инките и Мајите, значи сме нивни внуци.

За жал тоа значи дека сме дојдени на линијата на самоуништување претворајќи се во робови на сопственото его. Исто како што го направиле тоа нашите предци пред иљадници години, со кои имаме исти гени.

 

Автор Ердал Шимшек



Слични вести