Катарската криза, Турците и Арапите

Оние средини кои сакаат да сеат омраза,нетрпеливост и непријателство меѓу Турците и Арапите тргнуваат пред се од нивните лични интереси

Катарската криза, Турците и Арапите

Катарската криза која навлезе во третата недела продолжува со несмалена жестина. Иницијативите во правец на разрешување на кризата сеуште не дадоа било каков позитивен резултат пред се поради сериозни економски и геополитички причини, кампањи на оцрнување на страните и судирите на интереси.Оваа криза на преден план ја покажа сета фрагилност на  регионалните равнотежи на силите и на нестабилните односи меѓу Европа и Америка.

Како и секоја земја која ќе биде соочена со обвинувања за тероризам и Катар ги одби сите тврдења за поддршка на тероризмот и побара јасни и цврсти докази за тоа.Ова обвинување е навистина сериозно. Катарските претставници ситуацијата ја сваќаат многу сериозно.Сеуште не примиле било каков доказен материјал за навордна нивна поврзаност со било која терористичка организација било во Сирија било во Заливот.Катар освен тоа истакнува дека ембаргото е неправедно, дека се прекршуваат меѓународните договори и дека е против принципот на пријателство и братство меѓу исламските држави.

Ако се земе во обзир дека не се поднесени било какви докази за наводната поддршка на Катар на тероризмот, очигледно дека барањата на Катар може да се оценат како  логични. За разлика од тоа санкциите кои што се воведоа над Катар се непропорционални и нема да придонесат во решавањето на кризата. Катар соопшти дека се додека не се укине ембаргото нема да води било какви разговори за надминување на кризата. Саудиска Арабија и Обединетите Арапски  Емирати треба сериозно да размислат за тоа и треба поскоро да го укинат ембаргото над Катар за да започнае дијалогот за изнаоѓање решение за кризата.Треба да се поддржи иницијативата на емирот на Катар насочена кон намалување на тензијата.Турција исто така изразува спремност за тоа.

Уште од почетокот на кризата претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари низа телефонски разговори со лидерите од регионот со надеж дека ќе придонесе во намалување на тензиите и изнаоѓање мировно и пријалтелско решение. Згора на тоа Турција испрати храна до народот на Катар во знак на добра воља а со цел да се намали ефектот од блокадата над која се најде Катар веднаш по појавата на кризата.Освен тоа турското собрание веднаш го одобри договорот за воена соработка што претходно беше постигнат со Катар. Турција во овој период вложи значајни напори за кризата да биде решена и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неколку наврати, во разговор со кралот Селман бин Абдулазиз укажа на тоа дека Саудиска Арабија, како насилна земја на регионот, во овој процес треба да има значајна улога.

Турција со ваквиот став јасно покажа дека не сака да се меша во внатрешните работи на која било земја од регионот. За разлика од некои пропагандисти кои со своите наводи сакаат да ги нарушат турско-арапските односи и да имаат корист од оваа криза, Турција ја изрази својата единствена желба, а тоа е дека кризата може да се реши по мирен пат.

Сите страни треба да работат кон една цел и мораат да ги остават настрана ситните интереси, како и различните цели. Секако, во овој момент мораме да забележиме дека тука не се работи за обвиненија за тероризам, туку има една сеопфатна рамка.

Досега на сите требаше да им биде јасно дека ова обвинување за поддршка на тероризам оди многу подалеку. Ова истовремено претставува напад на Муслимански браќа и на Хамас и на другите исламски движења. Муслимански браќа уште многу одамна се декларираа дека го напуштаат тероризмот и како доказ за тоа постави дистанца со одредени групи кои се имаа замешано во насилие. Дури и кога насилно беше сменет претседателот Мохамед Муси во Египет со воен удар тие не се приклонија кон тероризмот. Иљадници нивни членови беа убиени, уште повеќе затворани. Нивниот лидер 4 години е во затвор, но и покрај сето тоа Муслимански браќа не се приклонуваат кон тероризмот како кон политичко средство. Да се потисне оваа организација во подземјето им оди во прилог само на радикалистите.

Што се однесува до Хамас, за сите во арапскиот свет Хамас е дел од палестинската ослободителна организација, Во овој момент да се обвини Хамас за тероризам воопшто не е логично.Самиот факт што бирото на Хамас се наоѓа во Доха не значи дека тоа е дело на сите клучни актери во регионот.

Во ситуација кога се развиваат воие динамики, има средини кои сакаат да сејат семе на омраза меѓу Турците и Арапите.Тоа решително треба да се отфрли.Со години се настојува да се доведат до непријателство Турците и Арапите, уште во времето на Османлиското царство и потоа.

Но овој мит во последните години е рушен благодарение на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Турците и Арапите се браќа, сојузници, соседи и партнери и сите тие заеднички работат за посветла и по просперитетна иднина на сите муслимани.Разијдувањата во ставовите апсолутно не треба да се сфатат како недоварба, оцрнување и јалови дискусии.Оние средини кои сакаат да сеат омзара меѓу Турците и Арапите тргнуваат пред се од нивните лични интереси. Дури и медиумските војни не се во прилог на никого.Треба сите да бидеме внимателни кон оние кои иницираат расколи и да се ориентираме кон користење на нашата енергија и сила за бенефити и на двете страни.



Слични вести