Калин:Чекорите кон Катар не придонесуваат во решавањето на кризата

Портпаролот на кабинетот на претседателот на  Република Турција, Ибрахим Калин, во врска со дипломатската криза меѓу Катар и заливските земји порача дека преземените чекори кон Катар се непропорционални

Калин:Чекорите кон Катар не придонесуваат во решавањето на кризата

Портпаролот на кабинетот на претседателот на  Република Турција, Ибрахим Калин, во врска со дипломатската криза меѓу Катар и заливските земји порача дека преземените чекори кон Катар се непропорционални и како такви не придонесуваат во решавањето на кризата.

Калин напиша статија за турскиот дневен весник  Дејли сабах, во којa се осврна на дипломатската криза меѓу Катар и заливските земји. Тој истакна дека кризата и понатаму продолжува со истиот интензитет, иако од нејзиниот почеток поминаа три недели.

Тој порача дека иницијативите за решавање на кризата сѐ уште не вродиле со плод, пред сѐ, поради пропагандата и политичкиот притисок. Калин нагласува дека оваа криза покажува дека станува збор за Заливот, се работи за еден фрагилен систем во регионот, односно укажува на нестабилноста во односите на земјите од регионот со Европа и со САД.

Тој потсети дека Катар ги одбива сите обвиненија за поддршка на тероризмот, и порача дека Катар, како што тоа би го направила секоја земја во слична позиција, бара да се изнесат конкретни докази.

„Без сомнеж, имаме сериозни обвиненија коишто катарските официјални лица ги сфаќаат сериозно, но сѐ уште не добиле какви било докази во врска со поддршката на терористичките организации во Заливот, Сирија или во некое друго подрачје. Исто така, истакнуваат дека блокадата што се применува кон Катар е неправедна, дека не е во согласност со меѓународните норми и дека го нарушува пријателството и братството меѓу муслиманските земји. Со оглед на тоа што не се појавил било каков доказ дека оваа земја го поддржува тероризмот, барањата на оваа земја се логични. Чекорите преземени кон Катар се непропорционални и како такви не придонесуваат во решавањето на кризата. Катарската Влада порача дека нема да преговара сѐ додека не се укине блокадата. Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати треба да обрнат внимание на овој повик и да ја укинат блокадата за процесот на дијалог и преговори“, смета Калин.

Ибрахим Калин нагласи дека Турција во овој период вложила значајни напори за кризата да биде решена и дека претседателот Реџеп Таип Ердоган во неколку наврати, во разговор со кралот Селман бин Абдулазиз укажал на тоа дека Саудиска Арабија, како насилна земја на регионот, во овој процес треба да има значајна улога.

„Турција со ваквиот став јасно покажа дека не сака да се меша во внатрешните работи на која било земја од регионот. За разлика од некои пропагандисти кои со своите наводи сакаат да ги нарушат турско-арапските односи и да имаат корист од оваа криза, Турција ја изрази својата единствена желба, а тоа е дека кризата може да се реши по мирен пат“, изјави Калин.

„Сите страни треба да работат кон една цел и мораат да ги остават настрана ситните интереси, како и различните цели. Секако, во овој момент мораме да забележиме дека тука не се работи за обвиненија за тероризам, туку има една сеопфатна рамка“, додаде тој.

 



Слични вести